| четврток, 6 декември 2018 |

Речиси 30 години глумела дека е слепа, сега тајната е откриена и мора да плати

Кармен Хименес (57) од Мадрид пред речиси 28 години го изгубила видот целосно поради сериозни повреди на очите. Барем тоа е приказната која им ја раскажала на сите, вклучувајќи го и своето семејство, а цела оваа лага бидејќи не сакала да ги подравува луѓето кои ќе ги сретне.

Таа неодамна открила дека отсекогаш можела да гледа совршено, по што нејзиното семејство се шокирало, иако секогаш се сомневале и сметале дека има нешто чудно во нејзината приказна околу слепилото.

Нејзиниот сопруг изјавил за медиумите дека таа самата секогаш можела да се нашминка доволно прецизно, а честопати ја „фаќал” како се обидува да гледа телевизија со крајот на окото.

Таа никогаш не признавала дека лаже за својата состојба се до неодамна.

Се разбира – на никој не му било јасно што ја навело да си прави сама на себе хендикеп без логична причина, но таа изјавила дека го направила ова за да избегне да разговара и да се поздравува со луѓето кои не можела да ги поднесе.

Сето ова само бидејќи била анти-социјална личност!

– Ми беше мачно да се среќавам со луѓе на улица и да застанувам за да направам некој неврзан муабет. Никогаш не бев дружељубива па глумев дека сум слепа за да можам лесно да ги одбегнам социјалните обврски – изјавила Кармен за „Скај њуз“.

Покрај тоа што на своето семејство, а и на многу други, им должи извинување што ги лажела со години, за третманот на хендикепирано лице кој го добивала – а го немала, Кармен ќе има проблеми и со законот – бидејќи со години, како слепо лице, од државата добивала специјална финансиска помош.

Нејзиниот случај доби големо медиумско внимание бидејќи на социјалните мрежи се крена голема прашина помеѓу корисниците кои тврдат дека невозможно е толку добро да одглумиш слепило толку долго време без да те фатат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top