| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадорот Сузан Рајс, нов советник на Обама за национална безбедност

Susan-RiceСузан Рајс е нов советник за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама. Таа пред именувањето беше амбасадор на САД во Обединетите нации. Пред неа, советник за национални прашања беше Том Донилан.

– Рајс е патриот, која секогаш е на страната на земјата, истакна Обама за Сузан Рајс. Таа се смета за многу близок соработник на Обама, која е меѓу првите од секторот за национална безбедност која се приклучила во неговата претседателска кампања.

Политичките кругови во Вашингтон, Рајс има незгоден, зајадлив карактер, а ја критикувааат заради улога во американската дипломатија во Африка кога служеше во администрацијата на Бил Kлинтон.

Сузан Рајс лани, пак, беше во фокусот на контроверзиите околу убиството на американскиот амбасадор во Бенгази, Либија, поради првичната изјава дека не се работи за терористички напад, со што го навлече гневот на републиканците. Таа затоа се повлече од кандидатура за државен секретар, наследник на Хилари Клинтон. Во писмо до Обама наведе дека е „почестена од можноста да биде државен секретар и дека со сигурност би можела успешно да работи на таа позиција“, но дека зад нејзината одлука стои веројатниот отпор од конгресот. Обама тогаш тоа го оцени дека „ги покажува силата на нејзиниот карактер и посветеноста да биде над политиката, со што го стави националниот интерес на прво место“.

Обама на местото на Рајс во ОН ја именува Саманта Пауер, која е професор на Харвард, експерт по прашња за геноцид и поранешен советник на Обама во областа на човековите права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top