| четврток, 6 декември 2018 |

Маж пронајден мртов во автомобил пред патарината Петровец

Маж бил пронајден мртов утринава во автомобил „м,ерцедес“ со косовски регистарски ознаки на бензинската пумпа „Макпетрол“, пред патарината Петровец.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен од страна на Итната медицинска помош утринава во 4.15 часот.

По извршениот увид утврдено е дека се работи за Ш.Н. (60) од Косово, чие тело е предадено на обдукција. Засега нема подетални информации за причините за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top