Германските власти регистрирале рекорден број на бремени имигрантки, кои им плаќаат на државјани на Германија да се претстават како татковци на нивните идни деца, за да можат да добијат дозвола за легален престој во земјата.
Според германскиот јавен радио сервис РББ, само во Берлин се регистрирани околу 700 вакви случаи, што е далеку поголема бројка од просечните во претходните години.
– Проблемот е што ова не е вкупната бројка. Има многу вакви нерегистрирани случаи- изјави за РББ државниот секретар во германското Министерство за внатрешни работи, Оле Шредер.
Најголем пораст на случаите на бремени мајки кои им плаќаат на Германци да се претставуваат како лажни татковци на нивните неродени деца има кај имигрантите од Виетнам и од африканските и источноевропските држави.
За „признавање на татковство“ од страна на германски државјани со што бебињата веднаш добиваат државјанство на Германија. имигрантките плаќале по околу 5.000 евра.
Најчесто татковците не плаќаат алиментација затоа што тие се социјални случаи, при што државата ги презема сите обврски кон мајката и детето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Има нешто во водата: Во исто време во иста болница бремени останале 16 медицински сестри
-
Поради жештините: Бремените жени и хронично болните да не одат на работа
-
Пријатно ќе се изненадите: која е причината што бремените жени лепат четки на нивните стомаци ?(фото)
-
Кои третмани треба да се избегнуваат во бременоста?