Иван Чупиќ, стрелецот на победничкиот гол со кој македонскиот првак Вардар го совлада ПСЖ и ја освои европската шампионска титула во Лигата на шампионите, е горд што е Македонец, иако е Хрват.
– Јас сум Хрват и доаѓам од мала земја, но денеска сум горд што сум Македонец – изјави хрватскиот репрезентативец по пристигнувањето во Скопје, на градскиот плоштад „Македонија“ каде што се собраа илјадници граѓани да ги поздраваат ракометарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.