| четврток, 6 декември 2018 |

Катар се бори со гладот: Еве како од најбогати станаа најизолирани

Катар преку ноќ стана најизолирана земја веднаш зад Северна Кореја.

Соседите и соработници како Саудиска Арабија и Бахреин им свртеа грб, и ги прекинаа сите дипломатски врски.

Катар инаку е еден од најголемите извозници на гас во светот, а имаат и нафта.

Имаат само еден граничен премин со Саудиска Арабија која сега сака да ги изолира.

Се очекува дека ќе им забранат и авиони да прелетуваат во туѓ воздушен простор.

Им останува морскиот пат, но тоа не гарантира дека ќе имаат доволни количини на храна.

Тоа значи дека Катар може да умре од глад ако така одлучат нивните соседи.

Се смета дека Катар сега може изворот на храна да го бара во Иран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top