Германија има подготвено мал Маршалов план за Балканот, што во следните неколку години треба да ја подобри економијата од регионот, а, на некој начин, треба да биде и компензација за долгото чекање полноправно членство во Европската унија, пишува „Вечерње новости“, повикувајќи се на дипломатски извори.
Според весникот, овој предлог на Берлин наскоро ќе се најде на маса на Европскиот совет во Брисел, што треба да го одобри и одреди овој посебен фонд за балканските држави.
Споменатиот план е наречен и „Берлин плус“, а парите за неговата реализација, меѓу другото, треба да ги обезбедат Европската економска зона (ЕЕА) што ја сочинуваат сите земји членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), на која, покрај наведените држави, ѝ припаѓа и Швајцарија.
Сумите сѐ уште не се познати бидејќи допрва треба да се организираат донаторски акции, но, заради обемот на проектот, секако дека ќе бидат значајни.
Идејата е од овој регион во краток рок од неколку години да се создаде атрактивен економски простор.
Фондовите, меѓу другото, ќе можат да се користат и за основање нови фирми.
Како што пишуваат „Вечерње новости“, една од целите е и Западен Балкан да се вмрежи со инфраструктурни врски како што се автопатишта што ќе ги спојат Србија и Босна и Херцеговина или Белград и Тирана, преку Приштина.
Силна причина за активирање на „Берлин плус“ е и намалување на тензиите во регионот.
За Германија Западен Балкан има големо безбедносно значење, се наведува во текстот на „Вечерње новости“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден