| четврток, 6 декември 2018 |

Според стара легенда – овој трик со рацете ќе ви каже кој ќе биде со вас засекогаш

Кинезите се инаку ознати по тоа дека го разбираат човекот, секој негов орган, секој дел од телото има своја функција и значење и сметаат дека сето тоа е поврзано.

Старата кинеска легенда вели дека секој прст има значење и тоа ги означува личностите кои ни се блиски.

Палците ги претставуваат родителите.

Показалците нашите браќа, сестри и пријатели.

Средниот прст не претставува нас самите.

Прстот до средниот го претставува партнерот.

Малиот прст децата.

Склопете ги рацете една до друга, а потоа средните прсти соединете ги на начинот кој е прикажан на фотографијата.

Кога ќе се обидете да ги раздвоите палците (родителите), се раздвојуваат, бидејќи тие нема да живеат вечно.

Кога ќе се обидете да ги раздвоитепоказалците ( баќата и пријателите) тие ќе се раздвојат, бидејќи тие заминуваат на својот животен пат.

Кога ќе се обидете да ги раздвоите малите прсти (децата) се раздвојуваат, бидејќи тие растат и заминуваат.

Кога ќе се обидете да ги раздвоите прстите до средниот прст (партнерот) тие не се раздвојуваат, бидејќи тие се врзани за нас за цел живот и затоа бурмата се носи токму на тој прст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top