Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и североисточните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи од 9 до 15, а максималната од 24 до 31 степен.
И во Скопската котлина попладне ќе биде нестабилно со услови за локален пороен дожд и грмежи. Темпратурата ќе се движи од 13 до 30 степени.
До четврток времето ќе се задржи нестабилно, околу пладне и попладне ќе биде со локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, а од втората половина на денот ќе настапи постепена стабилизација на временската состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст