Што, да не помисливте дека Зоки ќе дозволи некој да ѝ се смее на Рада за бројот на министри? Па вистина е, во владата нема повеќе од 20 министерства. Зоки е искусен човек, знае што е сточен пазар, знае како да преброи грла.
Новиот владин кабинет не брои 26 министри. Има 18. Само Вие не знаете да броите. Има 18, другите осум грла се „од карти“. За тие што не ја разбираат оваа висока математика, Зоки се Ви кажа во ветувањата пред изборите, па сега што се правите изненадени за осуммина „без ресор“.
Не е важно што Зоки ветува дека нема да има „нишај врата, земја плата“, кое по рамковниот новоговор се вика „седи дома, стига плата“. Заборавате дека Зоки вети и дека ќе ја надгради рамката? Еве, од збор, почна од својот кабинет.
И тоа не е сѐ, народе!
Нема да се задржат Зоки и дружината само на овие заслужни осум безресорни министри кои не се бројат.
Тие оваа „гломазна и трома“ администрација, сега ќе ја намалат и департизираат по принципот „од шупље у празно“, со пополнување на црните дупки отворени со кабинетите на „Осуммтемина величенствени“.
Зар Рамиз сам да мерка инвестиции? Или со него да го носи Самка? Или обратно? Немојте Ви се молам.
Па тие апетити, пардон, капацитети мора да се пополнат за да може да се истера секој кој и помислил да инвестира во Македонија. Да се истера работата до крај, де, немојте да сте злобни и да мислите дека тие ќе ги истераат новите инвеститори од тука, со се и тие веќе дојдените!
Сега овие двајца, како и другите шестмина безресорни многу важни министри за терање мераци и задоволување ега, ќе мора да добијат свои заменици министри. Па и за нив ќе треба опремено студио, пардон кабинет со секретарка, возач, кафеварачка, лице за одржување, лице за точење. Инаку нема да го личи. Што ако им дојде некој, како Шиле на пример, а да нема кој да им донесе пијалок? Вода и кафе, рековме доста е злоба! Само плитко и позитивно, како експозето на Зоки.
А потоа, откако ќе не знаат што со себе, ќе им требаат и помошници! Секако со свои кабинети, секретарки, возачи, и потребен сет лица под ставката персонал за услуги. Кога Катица не стартуваше со работа без персонал за варење кафе и лице за бургијање, што се овие подолу од неа?
Јасно е, за потребата од Заменик- помошник министер без ресор нема што да се дебатира. Па зар не треба оваа влада да оддаде достојна почест на Ејџ Би Џи, натурамериканецот кој ги намести таму сите?
Како тоа сето ќе влијае на администрацијата?
Департизирачки секако. Кој како ќе влезе, ќе мора да ја предаде партиската членска книшка и уплатницата за членарина. Да не им излезе во медиумите како оние на Катица.
Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


