| четврток, 6 декември 2018 |

Истра­га­та на ФБИ за со­ра­бот­ни­ци­те на Трамп ја ини­ци­рал ше­фот на ЦИА – при­ја­тел на Оба­ма

По ни­за­та кон­грес­ни сос­лу­шу­ва­ња за ру­ско­то ме­ша­ње во пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри ста­на по­јас­но што ја пре­диз­ви­ка­ло ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Ба­рак Оба­ма да отво­ри истра­га за кам­па­ња­та на До­налд Трамп ми­на­то­то ле­то

Ин­фор­ма­ци­и­те за ФБИ да поч­не кон­тра­ра­зуз­на­вач­ка истра­га ми­на­то­то ле­то ги обез­бе­ди то­гаш­ни­от ди­ре­ктор на ЦИА, Џон О. Бре­нан, бли­зок при­ја­тел на Оба­ма. Бре­нан бе­ше дел од пре­тсе­да­тел­ска­та кам­па­ња на по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел во 2008 го­ди­на и во не­го­ва­та Бе­ла ку­ќа.

На 23 мај Бре­нан из­ја­ви за Ко­ми­те­тот за раз­уз­на­ва­ње на Кон­гре­сот на САД де­ка раз­уз­на­вач­ка­та за­ед­ни­ца со­би­ра­ла ин­фор­ма­ции за кон­та­кти­те што ги ос­тва­ру­ва­ле со­ра­бот­ни­ци­те на Трамп со Ру­си­те. Бре­нан не ги име­ну­ва­ше ни Ру­си­те ни лу­ѓе­то на Трамп. Тој по­со­чи де­ка не зна­ел што би­ло ка­жа­но.

Но, тој ре­че де­ка ве­ру­ва оти кон­та­кти­те би­ле до­вол­но број­ни за да се алар­ми­ра ФБИ, кое ја поч­на сво­ја­та истра­га за со­ра­бот­ни­ци­те на Трамп ми­на­ти­от ју­ли, спо­ред прет­ход­ни све­до­че­ња на то­гаш­ни­от ди­ре­ктор на ФБИ, Џејмс Б. Ко­ми, пред Кон­гре­сот.

Истра­га­та на ФБИ за кон­та­кти поч­на исти­от ме­сец ко­га раз­уз­на­вач­ка­та за­ед­ни­ца по­со­чи на ру­ски аген­ти што ор­га­ни­зи­ра­ле ха­ки­ра­ње на комп­ју­те­ри­те на Де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја и обез­бе­ду­ва­ле укра­де­ни еле­ктрон­ски по­ра­ки до „Ви­ки­ликс“.

Бре­нан, кој не ја крие сво­ја­та ан­ти­па­ти­ја кон Трамп, го ин­фор­ми­рал Оба­ма за на­пре­до­кот на истра­га­та, кој во тоа вре­ме се оби­ду­ва­ше да ѝ по­мог­не на Хи­ла­ри Клин­тон во неј­зи­на­та кам­па­ња про­тив кан­ди­да­тот на ре­пуб­ли­кан­ци­те.

Ка­ко што ги опи­ша Бре­нан сво­и­те дејс­тва пред Ко­ми­те­тот: „Са­кав да се оси­гу­рам де­ка се­ко­ја ин­фор­ма­ци­ја што ја имав­ме бе­ше спо­де­ле­на со Би­ро­то. Тоа бе­ше и над­вор од мо­јот ман­дат ка­ко ди­ре­ктор на ЦИА, да се сле­дат си­те тра­ги во кои се вклу­че­ни аме­ри­кан­ски ли­ца. Но, се оси­гу­рав де­ка сè што вклу­чу­ва­ше аме­ри­кан­ски ли­ца, вклу­чу­вај­ќи и се­ка­кво вклу­чу­ва­ње ли­ца што учес­тву­ва­ле во кам­па­ња­та на Трамп, бе­ше спо­де­ле­но со Би­ро­то“.

Бев све­сен за раз­уз­на­вач­ки­те ин­фор­ма­ции, за кон­та­кти­те ме­ѓу ру­ски офи­ци­јал­ни ли­ца и аме­ри­кан­ски ли­ца кои изра­зи­ја за­гри­же­ност во мо­јот ум за тоа да­ли тие ли­ца со­ра­бо­ту­ва­ле со Ру­си­те, да­ли свес­но или не­свес­но, и тоа пос­лу­жи ка­ко ос­но­ва за ФБИ да отво­ри истра­га за да се утвр­ди да­ли се слу­чил та­ков за­го­вор [или] со­ра­бо­тка – до­да­де Бре­нан.

Еди­на­е­сет ме­се­ци по­доц­на не по­стои офи­ци­јал­на јав­на по­твр­да де­ка лу­ѓе­то на Трамп со­ра­бо­ту­ва­ле со Ру­си­те за ха­ки­ра­ње­то.

Ко­га Треј Га­у­ди од Јуж­на Ка­ро­ли­на, пред­вод­ник на ре­пуб­ли­кан­ци­те во ис­пра­шу­ва­ње­то на Бре­нан, пра­ша за што збо­ру­ва­ле Ру­си­те и лу­ѓе­то на Трамп, по­ра­неш­ни­от вр­вен шпи­он из­ја­ви де­ка не знае.

– Ви­дов ин­те­рак­ци­ја и [бев] све­сен за ин­те­рак­ци­ја ко­ја, по­втор­но, по­кре­на пра­ша­ња во мо­јот ум за тоа што е ви­стин­ска­та при­ро­да на тоа. Но, јас не знам. Не­мам до­вол­но ин­фор­ма­ции за да одре­дам да­ли се слу­чи­ла та­ква со­ра­бо­тка, или со­у­чес­ниш­тво, или та­ен до­го­вор. Но, знам де­ка по­сто­е­ше ос­но­ва за да се пре­зе­ме не­што – ре­че Бре­нан.

Поз­на­то е де­ка не­кои лу­ѓе на Трамп има­ле кон­такт со Ру­си­те за вре­ме на кам­па­ња­та ко­га се слу­чи­ло ха­ки­ра­ње­то, а не­кои за вре­ме на тран­зи­ци­ја­та.

Поз­на­то е де­ка Џе­ред Куш­нер, со­вет­ник и зет на Трамп, ко­му­ни­ци­рал со ру­ски­от ам­ба­са­дор Сер­геј Кис­љак за вре­ме на тран­зи­ци­ја­та, ка­ко и со пен­зи­о­ни­ра­ни­от ар­ми­ски ге­не­рал-пот­пол­ков­ник Мајкл Флин.

Аме­ри­кан­ски­от Стејт де­парт­мент го спон­зо­ри­ра­ше па­ту­ва­ње­то на дип­ло­ма­ти­те на на­ци­о­нал­на­та кон­вен­ци­ја на ре­пуб­ли­кан­ци­те во ју­ли. Кис­љак бе­ше ме­ѓу тие што при­сус­тву­ваа.

Еден од лу­ѓе­то на Трамп за кои се знае де­ка кон­та­кти­ра­ле со Ру­си­те во ју­ли бе­ше Кар­тер Пејџ. Пејџ се прет­ста­ву­ва ка­ко во­лон­тер на ни­ско ни­во, кој се по­ја­ву­ва­ше на те­ле­ви­зи­ја во име на Трамп и ну­де­ше со­ве­ти за над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка.

Пејџ, кој има во­де­но биз­нис со Ру­си­те со го­ди­ни и жи­ве­ел во Мос­ква во 2000-ти­те го­ди­ни ка­ко ин­ве­сти­ци­ски бан­кар на Ме­рил Линч, се вра­ти ми­на­то­то ле­то за да да­де из­ја­ви за ме­ди­у­ми­те.

Пејџ из­ја­ви за „Ва­шин­гтон тајмс“ де­ка тој не играл ни­ка­ква уло­га во ру­ски­те за­го­во­ри за ме­ша­ње во из­бо­ри­те.

Тој сме­та де­ка кам­па­ња на Трамп ги за­тег­на­ла од­но­си­те со не­го по­ра­ди сен­за­ци­о­нал­ни об­ви­не­ни­ја во не­по­твр­де­но до­сие про­тив Трамп што се по­ја­ви на не­кол­ку ме­ди­у­ми пред 8 но­ем­ври.

До­си­е­то бе­ше ед­на од си­ли­те што вли­ја­е­ја врз ФБИ тоа ле­то. Не­кои из­ве­штаи од ме­ди­у­ми­те на­ве­ду­ваа де­ка тоа е при­чи­на­та по­ра­ди ко­ја Би­ро­то поч­на истра­га за со­ра­бот­ни­ци­те на Трамп и се стек­на со на­лог да го прис­лу­шу­ва Пејџ ка­ко мо­жен стран­ски агент.

Но, све­дош­тво­то Бре­нан од 23 мај по­ка­жу­ва де­ка ток­му не­го­ви­те дејс­тви­ја го на­те­ра­ле ФБИ да поч­не истра­га.

До­си­е­то е фи­нан­си­ра­но од под­др­жу­вач на Клин­тон, а на­пи­ша­но од бри­тан­ски­от по­ра­не­шен шпи­он Кри­сто­фер Стил. Тој бе­ше ан­га­жи­ран од стра­на на фир­ма­та „Фјужн џи-пи-ес“ во Ва­шин­гтон, ко­ја се по­вр­зу­ва со де­мо­кра­ти­те.

Бе­ле­шки­те од 35 стра­ни­ци на Стил прв­пат се по­ја­ви­ја во јав­но­ста кон кра­јот на ју­ни. Во сре­ди­на­та на ју­ли „Фјужн“ об­ја­ви дру­ги бе­ле­шки што ги на­пра­ви­ја по­ве­ќе­то сен­за­ци­о­нал­ни об­ви­не­ни­ја. Еден од нас­ло­ви­те гла­се­ше „По­на­та­мош­ни ин­ди­ка­ции за го­ле­ми­от за­го­вор ме­ѓу кам­па­ња на Трамп и Кремљ“.
Стил ве­ли де­ка гос­по­ди­нот Кар­тер и по­ра­неш­ни­от ме­на­џер на кам­па­ња­та на Трамп, Пол Ма­на­форт, фор­ми­ра­ле тим што ќе ра­бо­ти со Ру­си­те за да се хак­нат де­мо­кра­ти­те.

Пејџ ве­ли де­ка об­ви­ну­ва­ње­то е бес­мис­ле­но. Тој из­ја­ви за „Тајмс“ де­ка не го поз­на­ва Ма­на­форт.

Ма­на­форт, исто та­ка, ги не­ги­ра­ше об­ви­не­ни­ја­та. Ор­га­ни­за­ци­ја­та на Трамп го от­пу­шти по из­ве­шта­и­те де­ка до­би­вал сом­ни­тел­ни исп­ла­ти од про­ру­ски укра­ин­ски по­ли­ти­чар. Ма­на­форт из­ја­ви де­ка не раз­го­ва­рал со Ру­си­те.

По сос­лу­шу­ва­ње­то на Бре­нан на 23 мај, Пејџ ис­пра­ти пис­мо до Ко­ми­те­тот на Кон­гре­сот.

– Не­го­во­то све­дош­тво бе­ше во сог­лас­ност со кле­ве­ти­те и не­ос­но­ва­ни­те об­ви­ну­ва­ња по­ну­де­ни во те­кот на пос­лед­на­та го­ди­на од ман­да­тот на нив­ни­от ре­жим, ка­ко и ме­се­ци­те по­тоа – пи­шу­ва Пејџ во пис­мо­то до К. Мајкл Ко­на­веј, ре­пуб­ли­ка­нец од Те­ксас кој ја во­ди истра­га­та на ко­ми­те­тот, и до Б. Адам Шиф од Ка­ли­фор­ни­ја, де­мо­крат во Ко­ми­те­тот.

– За вре­ме на мо­и­те ин­те­рак­ции со Ру­си­те во 2016 го­ди­на, јас по­сто­ја­но јас­но ка­жу­вав де­ка си­те мои бе­ниг­ни из­ве­штаи и без­о­пас­ни актив­но­сти во Мос­ква, ка­ко и на дру­ги ме­ста во странс­тво, се на­пра­ве­ни иск­лу­чи­во ка­ко на­уч­ник и де­лов­но ли­це што збо­ру­ва во свое име. Со дру­ги збо­ро­ви, во ни­кој слу­чај не бев по­вр­зан со то­гаш­ни­от кан­ди­дат Трамп – пи­шу­ва Пејџ.

Во до­си­е­то на Стил се ве­ли де­ка тој се срет­нал со двај­ца Ру­си по­вр­за­ни со Кремљ во Мос­ква во ју­ли. Пејџ го не­ги­ра тоа.

Бре­нан е остар кри­ти­чар на Трамп, осо­бе­но од из­бо­ри­те и ја об­ви­ну­ва раз­уз­на­вач­ка­та за­ед­ни­ца за про­те­ку­ва­ње ин­фор­ма­ции. Бре­нан ре­че де­ка Трамп не ја раз­би­ра за­ка­на­та од Ру­си­ја.

До­де­ка Бре­нан бе­ше во Бе­ла­та ку­ќа, ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма поч­на со шес­тго­ди­шен при­стап на ре­се­ти­ра­ње кон Мос­ква, при што то­гаш­на­та др­жав­на се­кре­тар­ка Клин­тон сто­е­ше до ру­ски­от пре­тсе­да­тел Вла­ди­мир Пу­тин и ги по­ви­ка Аме­ри­кан­ци­те да пра­ват биз­нис со Ру­си­ја.

Од­но­си­те се вло­ши­ја отка­ко си­ли­те на Пу­тин ја на­пад­наа Укра­и­на.

До ден-де­нес, ре­чи­си ед­на го­ди­на отка­ко Бре­нан го алар­ми­ра­ше ФБИ, не по­стои јав­на офи­ци­јал­на по­твр­да де­ка лу­ѓе­то на Трамп се ко­ор­ди­ни­ра­ле со Ру­си­те за ха­ки­ра­ње­то. Се­на­тор­ка­та Да­ен Фајн­стајн, де­мо­кра­тка од Ка­ли­фор­ни­ја и член­ка на Ко­ми­те­тот за раз­уз­на­ва­ње на Се­на­тот, из­ја­ви прет­ход­но овој ме­сец де­ка таа не гле­да до­ка­зи за за­го­вор.

И Ко­ми­те­тот за раз­уз­на­ва­ње на Се­на­тот и Кон­гре­сот го ис­пи­ту­ва­ат тоа об­ви­не­ние.

Ми­на­та­та не­де­ла Се­на­тот по­ба­ра од пре­тсе­да­тел­ска­та кам­па­ња на Трамп да ги пре­да­де си­те за­пи­си во вр­ска со Ру­си­ја.

Из­вор: „Ва­шин­гтон тајмс“
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top