| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата започна со подготовките за свадба: Хари ќе ја побара Меган за сопруга

Иако на островот упорно кружат гласини дека принцот Хари ќе ѝ предлага брак на неговата девојка Меган Маркел во октомври, блиски до кралското семејство сметаат дека тоа ќе се случи уште во текот на летото во Африка.

Блиски извори до Хари за „Дејли стар“ откриваат дека тој планира да го постави големото прашање на претстојното интерконтинентално патување.

-Африка значи сè за Хари. Токму таму тој и Вилијам „избегаа“ со својот татко по смртта на нивната мајка. А и брат му ѝ предложи брак на Кејт пред неколку години на овој континент – откри извор за медиумот.

Хари и Меган (35) се среќаваат од минатото лето, а ја чуваа романсата во тајност до ноември. Принцот толку летнал по бринетата што веќе барал куќа во која ќе го сместат семејното гнездо.

-Тој навистина верува дека Меган е неговата сродна душа. И двајцата ја обожаваат Африка, додаде изворот за „Дејли стар“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top