Албанците во западна Македонија во наредната година ќе си основаат своја заедница, порачува приштинскиот аналитичар Илир Деда, јави А1Он.
На собирот „Србија и ЕУ- Нова можност“ Деда се осврна на ситуацијата во Македонија, укажувајќи дека таа стагнира, бидејќи, како што наведе премиерот, не сака да ја води државата во НАТО, а Албанците од западниот дел на Македонија тоа го сакаат.
Запрашан дали моделот на заедницата на српските општини на Косово може да се примени на југот на Србија, во општини во кои што Албанците се мнозинство, Деда изјави дека не верува дека тоа е можно.
Приштинскиот аналитичар наведе дека договорот помеѓу Белград и Приштина за нормализација е лош, бидејќи остава многу недоречености и создава опасност еден дел од Србите поради него да ги напуштат домовите на Косово.
-Кој ќе биде одговорен доколку во септември третина од Србите го напуштат Косово-изјави тој и додаде дека заминувањето на тие луѓе би покажало дека не станува збори за нормализација на односите помеѓу двете држави.
Деда е извршен директор на Косовскиот институт за политички истражувања и развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



