Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот што се случи во саботата навечер, при што беа убиени седум и повредени речиси 50 лица.
– Група борци од ИД го извршија нападот во Лондон во саботата – соопшти агенцијата на ИД, Амак.
Тројца напаѓачи, кои носеле на себе лажни експлозивни елеци, со бело комби прво намерно влетале меѓу луѓе кои чекале автобус на Лондонскиот мост, а потоа излегле од возилото и со ножеви почнале да ги напаѓаат луѓето. Тројцата мажи се убиени од страна на лондонската полиција.
Извор од британската медицинска служба наведе дека 36 лица се хоспитализирани, а 21 од нив се во критична состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст