По повод 10 годишнината од своето формирање, здружението Бoрка заедно со креативната агенција Пи Ворлд започнаa кампања за подигнување на свесноста за ракот, со цел да им укажат на граѓаните за сериозноста на овој проблем, да ги поттикнат властите и здравствените институции да преземат активности во насока на решавање на овие живото-загрозувачки проблеми.
Во кампањата главни ликови се членки од БОРКА, жени оперирани од рак, кои првпат ја отворија својата душа пред јавноста и проговорија за стравот, болката, неизвесноста, но и за надежта, истрајноста и храброста да се соочат со дијагнозата и преку пораки изразија благодарност до оние кои биле покрај нив во текот на лекувањето.
– Борка веќе 10-та година помага и дава поддршка на пациентите и нивните семејства. Истовремено работи на подигнување на свесноста за оваа болест, информира и врши едукација на населението, лобира кај властите за подобрување на квалитетот на живот на пациентите заболени од рак, но за жал, сугестиите за промени тешко допираат до надлежните, но и до народот. Секогаш тоа е нешто кое му се случува на некој друг. Но, ракот не е болест на индивидуата, туку тоа е болест на целото семејство. Тоа е болест на целото општество и потребна е масова мобилизација на сите чинители во општеството за да може да се променат бројките и да се спасат повеќе човечки животи, бидејќи во моментов, Македонија е една од водечките земји во светот по смртност од рак – трета во Европа, вели Биба Додева, претседател на здружението.
Во Македонија, 20 нови пациенти се дијагностицираат со некаков вид на рак , а 13 пациенти од рак умираат дневно во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
-
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања