| четврток, 6 декември 2018 |

Делуваше пријателски, беше кул, но се виде дека кај нас нешто му пречи-објаснуваат соседите на терористот од Лондон

Една жителка на Баркинг, каде вчера попладне во тек била полициска акција, рекла дека го препознала напаѓачот од фотографиите, кој бил убиен на Бороу, како и дека бил нејзин сосед.

Дека нејзините сомнежи се обвистиниле сфатила кога видела дека полицијата го фотографира неговиот автомобил, марка Пежо.

-Сфатив дека е тој. Изненадена сум. Сите тука имаме деца и работни места. Никогаш не помисливме дека некој од нашите соседи би можел да направи нешто такво. Го гледав секоја вечер. Имаше жена и деца и ги оставаше пред куќата додека бараше место за паркинг- рекла таа.

Како што рекла, никогаш не разговарал со сопругата пред соседите.

-Само го знаев како човек кој секогаш доаѓа во одредено време и ги остава жената и децата во близина на влезната врата и заминува. Никогаш не се паркираше каде што требаше да се паркира. Ретко гледаше во нас, а дури и кога гледаше делуваше како нешто да му пречи, како да се прашуваше :Што прават жени на улица во ова време во ноќта- вели станарката од Баркинг.

Како што рекла, носел традиционална исламска облека, а неговата сопруга носела бурка.

-Се облекуваше според својата религија, како и неговата сопруга. Претходно носеше брада, долга облека, некогаш бела, некогаш темна- рекла неговата сосетка.

Како што рекла, носел традиционална исламска облека, а неговата сопруга носела бурка.

-Се облекуваше според својата религија, како и неговата сопруга. Претходно носеше брада, долга облека, некогаш бела, некогаш темна- рекла неговата сосетка.

Фурган Нави, кој живее во Баркинг, каде во тек е полициска акција, рекол дека го препознал својот сосед како еден од напаѓачите кои лежеле мртви на Бороу.

-Живееше тука со жената и двете деца околу три години. Делуваше пријателски настроен иако не го познавав лично – рекол Нави.

Друг сосед изјавил дека го видел пред два дена.

-Делуваше пријателски, дури и кул. Сакаше да си игра со децата. Имаше помеѓу 20 и 30 години- рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top