| четврток, 6 декември 2018 |

За Трамп нападот во Лондон е масакр

Американскиот претседател Доналд Трамп нападот во Лондон го нарече масакр и изјави дека САД ќе сторат сѐ што е во нивна моќ за да ѝ помогнат на Велика Британија да ги изведе виновниците пред суд.

– Ова крвопролевање мора да запре. На ова крвопролевање ќе му биде ставен крај, рече Трамп во куса изјава по гала вечерта во театарот „Форд“ во Вашингтон, каде е убиен Абрахам Линколн.

– САД ги испраќаат нашите мисли и молитви и најдлабоко сочуство кон жртвите на тој масакр. Повторно ја изразуваме нашата одлучност, посилна од кога и да е, да ги заштитиме САД и нивните сојузници од подлиот непријател, кој води војна против невини. Таа трае премногу долго. Јас како претседател ќе сторам сѐ што е потребно, за да ја спречам таа закана да се прошири на наша тетиорија. Ќе работам секој ден за да ја заштитам безбедноста на нашата земја, нашата заедница, нашиот народ – додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top