Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва кога црно „ауди“ со скопски регистарски таблички со голема брзина му го пресекло патот на полициски конвој кој се движел по Партизанска кон полициската станица во Ѓорче Петров. Во сообраќајката се повредени 8 припадници на Посебната единица за поддршка, кои со возила на Брза помош и на сведоци биле префрлени на скопските клиники и во градската болница.
Очевидци велат дека „аудито“ поминало со голема брзина на црвено и ја игнорирало ротацијата.
Возачот на „аудито“ не е повреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.