| четврток, 6 декември 2018 |

Комити Бразил: Првата европска титула за Вардар прва за Бразил

Македонската амбасада во Бразил му ја честита шампионската титула на Вардар, ѝ честита и на Македонија за успехот, но има уште една причина за славење. Во честитката на Фејсбук групата на Амбасадата во Бразил стои и дека првата европска титула на Вардар е прва и за Бразил.

„Посебни честитки за Рожерио Мораес Фереира првиот Бразилец кој што ја освојува титулата во Лигата на Шампионите на ЕРФ (во машка конкуренција)!!!“, пишува во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top