Полицијата денеска приведе четири жени од станбен блок во Баркинг во источен Лондон, а досега се уапсени 12 лица по терористичкиот напад во центарот на градот, објавија медиумите повикувајќи се на извори од Скотланд јард кој продолжува со претресите.
Полицијата на почетокот претресе зграда на адреса на која бил пријавен еден од тројцата напаѓачи кои вчеравечер убија седум луѓе кај Лондон Бриџ.
Четири жени со покриени лица ја напуштиле заградата и биле одведени со полициски возила.
Во терористичките напади во Лондон, напаѓачите со комбе удрија во пешаци на Лондон Бриџ, а потоа со ножеви ги нападнаа минувачите на улиците и посетителите во околните барови.
Убиени се седум лица, а ранети најмалку 48.
Полицијата ги совлада тројцата напаѓачи. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.