| четврток, 6 декември 2018 |

Почина изумителот на сурферскиот костим

Изумителот на костимот за сурфање Џек О’Нил почина на 94 годишна возраст, објавија американските медиуми. О’Нил во 1952 година во Сан Франциско ја отвори првата продавница за сурферска опрема. Потоа продавницата прерасна во синџир на „О’Нил“, а Џек е еден од најважните луѓе за популаризација на водоотпорните одела кои на јавачите на бранови им овозможуваше да останат подолго во вода.

О’Нил во 1971 година на сурфање го загуби окото и од тогаш носеше црн превез, кој му даваше препознатлив пиратски изглед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top