Вкупно 71 литар на метар квадратен дожд наврна изминатите 24 часа во Гевгелија, информира УХМР.
По еден литар се измерени во Дојран, Охрид и Струмица, два во Пожаране и Тетово, четири во Крушево, Крива Паланка, Ѓуриште и Демир Капија, пет во Штип и Тополчани, осум во Виница, девет во Куманово, 12 во Прилеп, 14 во Скопје – Зајчев Рид, 16 во Берово и 26 во Скопје – Петровец.
До 8:30 часот утрово најниска е температурата во Лазарополе, осум степени, додека највисока е во Дојран и Гевгелија, 17 степени. Останатите темепратури се движат од 10 во Маврово, 11 во Претор и Крушево, 12 во Охрид и Пожаране, 13 во Битола, Ѓуриште, Тополчани, Прилеп и Крива Паланка, 14 во Берово, Дебар и Виница, 15 во Тетово, Скопје и Куманово, до 16 степени во Демир Капија, Штип и Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.