Американците, можеби, се најлошите туристи во светот, но судејќи според најновото истражување, барем со таа репутација не се здобиле поради оставањето мал бакшиш.
Истражувањето, кое го спроведе „Трип адвајзер“, откри дека 57 проценти од Американците секогаш оставаат бакшиш на своите патувања, што ги става на второ место, веднаш зад Германците (69 проценти).
Резултатите се засновани на истражувањето кое вклучи девет илјади патници од осум земји: Бразил, Франција, Германија, Италија, Русија, Шпанија, Англија и САД.
Шестнаесет проценти од Американците изјавиле дека се свесни оти спаѓаат меѓу нациите што оставаат добар бакшиш бидејќи тоа е вообичаена практика во САД, која ја продолжуваат и во другите земји.
Американците најмногу им оставаат бакшиш на вработените во хотелите (78 отсто), на собарките (76 отсто) и на шанкерите (75 отсто).
Погледнете ја комплетната листа:
1. Германци
2. Американци
3. Руси
4. Бразилци
5. Французи
6. Британци
7. Шпанци
8. Италијанци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод



