Денеска како и вчера, на Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е период посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.
Овие денови се посетуваат гробиштата, каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.
На Задушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спас на душата на покојникот.
Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мртвите не јадат: Запалете свеќи за мир на душите на починатите, утре е Задушница!
-
ЈСП ќе пушти дополнителни автобуси за Задушница
-
Дали сте имале чувство дека некој ве набљудува? Или забележувате сенки? Проверете дали вашиот дом е проколнат…
-
Душите цела година ќе им бидат во мрак – запалете свеќа, утре е Задушница!