Бугарските пратеници ја одобрија одлуката со која следните шест месеци нема да има зголемување на платите на парламентарците и бирократите во 27 државни институции на земјата. Објаснувањето е дека ова е мерка за солидарност со сиромашните граѓани и дел од борбата против економската криза во земјата.
Пред оваа одлука платите на пратениците и на другите високи претставници се зголемуваат на секои три месеци во согласност со стапката на инфлацијата во земјата, за што негодуваа граѓаните во Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


