| четврток, 6 декември 2018 |

Годишен самит на лидерите од Југоисточна Европа

Зајакнувањето на меѓусебната доверба и посветеноста на стабилноста и европските вредности ќе бидат главни теми на средбата на претседателите на земјите од Југоистична Европа опфатени со процесот „Брдо-Бриони“, што ќе се одржи денеска во Словенија.

На самитот учествуваат претседателите на Македонија, Ѓорѓе Иванов, на Албанија, Бујар Нишани, на Косово, Хашим Тачи, на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, на Црна Гора, Филип Вујановиќ, како и на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ, Младен Иваниќ и Бакир Изетбеговиќ.

Покрај претседателите на овие земји од Југоисточна Европа, се очекува на сребдата да присуствува и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.

Процесот „Брдо-Бриони“ го иницираа Словенија и Хрватска со идеја за зајакнување на соработката меѓу државите од Западен Балкан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top