| четврток, 6 декември 2018 |

Валканите тајни на Иванка Трамп: Што „првата ќерка“ не сака да се знае за неа?

Додека многумина ја нарекуваат Иванка "тајното оружје на Доналд", прашање е кои се нејзините мотиви во целата таа политичка игра, а многумина сметаат дека се исклучиво егоистични и финансиски

Иванка Трамп е вработена во Белата куќа, а таму работи про боно, односно исклучиво волонтерски и беа да прима паричен надомест, а наводно до таа одлука дошла консултирајќи се со татко ѝ, бидејќи беа обвинувани за непотизам. И така, Иванка Трамп ќе го пополни работното место „советничка на претседателот“. Очигледно е дека може себеси да си дозволи бесплатно да работи.

Во нејзината биографија може да се прочита дека 35-годишната ќерка и миленица на Доналд Трамп е успешна претприемачка, економистка, авторка, модел кој започна сопствена модна линија и сега е советничка на најмоќниот човек на светот.

Според официјалните податоци, нејзиното значително богатство изнесува 150 милиони долари во 2017 година. Сепак, типичната приказна за убавата американска богаташка и ќерка на успешен татко има и друга страна, а таа се крие во мрачните тајни кои семејството Трамп со години ги турка под тепих, пишува Аваз.ба.

Таа е мажена за Џерард Кушнер, могул со недвижности и сопственик на издавачка куќа, кој исто така работи како советник во администрацијата на Трамп. Таткото на Кушнер, Чарли, поминал две години в затвор поради даночни малверзации. Освен тоа, осуден е за илегална донација на политичка кампања, а бил и сведок во разни крими-драми поврзани со мафијата.

Кога дознал дека неговиот зет Вилијам Шолдер соработува во истрагата против него, му наместил проститутка за да го заведе и сними, па целата снимка и ја испратил на неговата сестра. Наводно Џерард е вистински син на својот татко кој го наследува во сите работи, па така и во мафијашките. Односот не им е особено добар. Иако изгледаат како совршен пар, Џерард и Иванка имаат проблеми. Само една година пред закажаната венчавка прекинаа поради наводни „религиски разлики“.

Имено, Иванка е презвитеријанка, а Кушнер е ортодоксен Евреин. Неговите родители се надевале дека ќе се ожени со Еврејка, но успеале да се помират откако Иванка ја прифатила нивната религија.

Во деновите на инаугурацијата на татко и, Иванка Трамп наводно организирала цела низа тајни вечери кои имале за цел остварување на нејзините лични политички цели. Така ја угостила Венди Мардок, која и дала совет како да го искористи феминистичкото движење во своја полза, но и низа извршни директори со кои деловно се поврзала, наводно ветувајќи им привилегии кога таа и татко и ќе завладејат со Белата куќа, што на крајот и се оствари.

Иванка има бројни предлози за нови закони, како оној за грижата за децата, а се започна да остварува и предлага и пред да биде официјално именувана за советничка во владата.
До кариера на модел дошла со пластични операции.

Иако наводно е многу чувствителна на споменувањето на естетските зафати и решително ги отфрла тврдењата дека ги правела, хирурзите тврдат дека нејзиниот изглед доживеал драстична промена која и овозможи да се најде на насловните страници од модните списанија.

Наводно, првата пластична операција на носот ја имала со само 17 години. Потоа следувала операција на градите, а последните години наводно оди на пополнувања за да го одржува младоликиот изглед.

Ја користеше кампањата на татко ѝ за да ја промовира нејзината модна линија.

Додека многумина ја нарекуваат Иванка „тајното оружје на Доналд“, прашање е кои се нејзините мотиви во целата таа политичка игра, а многумина сметаат дека се исклучиво егоистични и финансиски. Во текот на целата кампања на татко и таа носеше облека исклучиво од нејзиното производство, а за време на нејзиниот говор на Републиканската конвенција испрати твит „купете го стилот на Иванка“.

При гостување во емисијата „60 минути“ со татко ѝ и Меланија, ја рекламираше својата линија на накит, а по емисијата објави фотографија од себеси со ѓердан што го нарече „омилен“, упатувајќи ги луѓето каде можат да го порачаат.

Инаку, модната линија на Иванка е извор на бројни контроверзи. По изборите, во јавноста излегоа информации дека повеќето од нејзината стока се произведува надвор од САД, што е спротивно на политиката на Трамп и „враќањето на работните места за Американците“. Повеќето нејзини парчиња гардероба се изработуваат во Виетнам и Кина, познати по нехуманите услови за работа и исклучително евтината работна сила, која и овозможува поголем профит.

Освен тоа, таа користи и зајачко крзно и кожа од други животни, што го предизвика бесот на организацијата ПЕТА.

Се чини дека семејните албуми на Трампови се полни со фотографии кои многумина би ги нарекле како непримерени за татко и ќерка. Обилуваат со речиси романтични и љубовнички пози, а чудна е и изјавата на Доналд дека би се оженил со Иванка да не му е ќерка.

Според психолозите, ваквиот однос е неприкладен и бизарен. Пријателите на семејството велат дека тие од секогаш имале близок однос и дека разговараат по неколкупати дневно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top