| четврток, 6 декември 2018 |

Мора да има одговорност за оние кои Тодоров го нарекуваат убиец

Мора да има одговорност за оние кои го нарекуваат Никола Тодоров, поранешниот министер за здравство, убиец – изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ во интервјуто на „Алфа“ телевизија.

Според Груевски, станува збор за гнасна пропаганда против ВМРО ДПМНЕ од страна на СДС.

– Тој центар сакаше да не направи нелуѓе, монструми, убијци. Со години градеа атмосфера со нереални работи за да не замрзи народот. Сите смртни случаи во здравството му ги препишуваа на Тодоров, како тој да е виновен што луѓето заболуваат и умираат. Постојат потпикнувачи кои ја создадоа оваа атмосфера  – рече Груевски.

Првиот човек на ВМРО ДПМНЕ потенцира дека во времето кога Тодоров бил министер за здравство се направени најголемите реформи.

– Се набави најмногу опрема, ги испрати лекарите на обуки, им обезбеди најдобри тренинзи во странство, изгради болници, реконструираше болници. Ако така се гледа треба сите претходни или идни министри да ги нарекуваме министри за смрт или масовни убијци- изјави Груевски во интервјуто на „Алфа“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top