Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов утре ќе учествува на состанокот на лидерите од Брдо-Бриони процесот, што ќе се одржи во Брдо кај Крањ, Република Словенија.
Предвидено е претседателот Иванов да се обрати на пленарната сесија на состанокот, а ќе одржи и повеќе билатерални средби.
Се очекува на состанокот на лидерите од Брдо – Бриони процесот да бидат опфатени клучните теми и аспекти во контекст на интеграцијата на регионот во Европската унија и да бидат разменети мислења и информации за актуелните состојби и предизвици во регионот на Југоисточна Европа.
На средбата, иницирана од претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и од претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, е најавено учеството на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер, на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани и членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево