| четврток, 6 декември 2018 |

Бидете внимателни – сексот го зголемува ризикот од инфаркт

Физичката преоптовареност, вклучително и сексот, ги зголемуваат шансите за срцев удар, и ова особено важи за оние кои не спортуваат редовно, се вели во новата анализа, цитирана од порталот „Блиц“.

Екипа од медицинскиот центар „Тафтс” во Бостон анализираше 14 различни истражувања, за да ја открие врската помеѓу физичките активности, сексот и ризикот од инфаркт. Американските научници дојдоа до заклучок дека кај луѓето кои се занимаваат со некој спорт, ризикот од срцев удар е 3,5 пати помал, отколку кај оние кои не вршат речиси никаква активност.

За време на секс или веднаш потоа ризикот е 2,7 пати поголем, и тоа посебно кај оние кои поретко практикуваат секс.

Според Џесика Полер, која е дел од тимот, опасноста е голема, но само на ограничен период, односно еден до два часа по сексуалната активност. Со други зборови – на 10.000 лица, такви инциденти се случуваат еднаш или двапати годишно.

Заклучокот е јасен – активностите кои бараат големи напори, меѓу коишто е и сексот, треба или да ги избегнуваме, или пак, да ги претвориме во редовни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top