| четврток, 6 декември 2018 |

Командант Чакала од УЧК бара Заев да го ослободи од затвор

Авдил Јакупи, познат како командант Чакала, му испрати отворено писмо на новиот премиер наМакедонија, Зоран Заев. Преку ова писмо тој бара од Заев да го ослободи од затвор, каде што се наоѓа веќе 14 години за дело кое што не го направил.

“Почитуван Премиер, Зоран Заев, целосно сум невин. Али Ахмети, Фатмир Дехари, но исто така командандантот Хоџа знаеа добро кој ги поставил мините, но не реагирале. Јас бев незаштитен и наместен од Зоран Верушевски, само затоа што бев дел од УЧК. Бев осуден на 22 години казна затвор, сега веќе 14 ги завршив“, напишал тој во писмото кое го пратил до новинската агнција ИНА.

Јакупи бил обвинет дека го минирал возот на линијата Атина – Белград. Потоа додека бил во бегство киднапирал двајца македонски полицајци, информира новинската агенција ИНА. За ова дело се казнува со 15 години и 7 години за тероризам и вкупно добил казна од 22 години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top