| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителството бара притвор за лицето кое пукаше во Тодоров

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка и бара притвор за лицето кое вчера пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

– Осомничениот се гони за сторени две кривични дела „убиство“ од член 123 во врска со член 19 и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 од Кривичниот законик, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судот поднел и предлог за определување на мерката притвор, бидејќи оценил дека се исполнети законските основи за нејзиното изрекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top