| четврток, 6 декември 2018 |

Внимателно во Италија: Популарното туристичко место со црево ќе ги брка туристите

Градоначалникот на Фиренца изјави дека некои туристи немаат „ниту трошка почитување“ и се надева дека тоа може да се поправи со црево за вода.

Дарио Нардела рече дека еден дел од 12. милиони туристи колку што годишно ја посетуваат Фиренца имаат обичај да „кампуваат“ на скалите на црквата за време на ручекот.

– Седат на скалите, јадат и оставаат отпад зад себе без тронка почитување кон нашето културно наследство, изјави Нардела за „Гардијан“.

Тој нагласи дека градските татковци размислуваат за тоа да ги казнат таквите туристи, но одлучиле наместо тоа да пристапат со креативно решение на проблемот: Скалите секогаш ќе бидат потопени со вода, така што никој нема да може да седи.

Одлуката веднаш стапи во сила и скалите пред Базиликата Санта Корче и Санто Спирито се потопени.

Додека некои корисници на социјалните мрежи го прифатиле тој потег, други реагираа поради „елитистичкиот“ потег, кој е насочен само на најсиромашните посетители на Фиренца, кои не можат да си дозволат ручек во рестораните.

Нардела, пак, тврди дека во Фиренца има многу други места погодни за пикник и рече дека скалите на црквата не служат за таа намена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top