Возачот на камионот не е виновен за сообраќајката што се случи лани во март во Велес и во која загина такси-возач. Велешкото Јавно обвинителство, разгледувајќи ги сите материјали за оваа сообраќајна несреќа, донело одлука да нема кривична постапка.
Сообраќајката се случи пред бензинската „Црна Река“ на крстосницата од ул. „АСНОМ“ и ул. „Андон Шурков“.
– По извршена обдукција на телото на починатиот, вештачење на трагите подигнати при вршењето на увидот и сообраќајно вештачење, констатирано е дека вината за настанатата сообраќајна незгода е на страната на починатиот, поради што предметот е завршен со одлука дека нема да се води кривична постапка, велат од ОЈО Велес.
Сообраќајната незгода се случи на 29 март лани околу 10 часот. Во неа загина возачот на такси С.А.(45) од Велес, кој удри во камион „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.А. (24) од селото Бузалково.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.