| четврток, 6 декември 2018 |

Опаѓа наталитетот: Еве колку бебиња се родени по општини

Бројот на живородените деца во 2016 година, во споредба со претходната година, е намален за 73 деца или за 0,3 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија вкупно се родени 23.199 деца, од кои 23.002 се живородени и 197 мртвородени деца.

Најмногу деца се родиле во Скопје, 6.745. Гостивар има 784, Битола 920, Куманово 1.203, Охрид 549, Струга 686, Прилеп 747, Струмица 709, Тетово 1219, Штип 485. Најмалку има во Вевчани 27, Дебарца 37, Старо Нагоричане 41, Пехчево 44 деца.

Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество и тоа 51,6 проценти, односно, на 100 живородени женски деца 106,6 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број на живородени деца (2 165) се регистрирани во месец септември. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28.9 години, а 27.2 години при првите раѓања.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34,1 проценти се живородени деца од мајки на возраст 25-29 години.

Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1987 година.

Во 2016 година се регистрирани 26 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.761 дете, или 12,0 проценти од вкупниот број на живородени деца се вонбрачни.

За споредба, во Република Македонија во 2015 година вкупно се родени 23.260 деца, од кои живородени се 23.075 и 185 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2015 година, во споредба со претходната година, е намален за 521 дете или за 2,2 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top