| четврток, 6 декември 2018 |

Две млади момчиња прободени со нож во Скопје

Околу 21 часот и 20 минути синоќа во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ биле донесени 25-годишниот П.Р. и 33-годишниот Б.С. двајцата од Скопје, со убодни рани од нож.

Семејствата на повредените изјавиле дека, најверојатно, дошло до расправија меѓу нив, но не знаеле точно што се случило.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top