Ернесто Валверде, од вчера и официјално стана новиот тренер на шпанскиот гигант, Барселона. Искусниот стратег по завршувањето на сезоната во Примера го раскина договорот со Атлетик Билбао и веднаш беше именуван како замена за Луис Енрике. Во своето прво обраќање како тренер на Барса, Валверде ги откри своите цели со оваа екипа:
– Привилегија е да се биде дел од овој клуб. Се чувствував среќно и горд сум што раководството ме одбра мене. Исто така сум возбуден заради новиот предизвик во мојот живот. Ме чека тешка и напорна работа за да ја направам Барса далеку подобра од што е сега. Сакам навивачите да уживаат во играта и резултатите на овој клуб.
Барселона имаше неуспешна сезона, откако успеа да го освои само трофејот во Купот на Кралот, па прва задача на новиот стратег е да ги врати титулите од Примера и Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.