| четврток, 6 декември 2018 |

Во Петровец пет нови фабрички погони

petrovec industriska zona

Инвеститорите кои обезбедија локации за изградба на објектите во индустриската зона денеска ги добија дозволите за градење од министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и од градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски.

– Ова е уште еден начин со кој се потврдуваат позитивните политики кои се спроведуваат со цел привлекување нови инвестиции – изјави министерот Јанакиески.

Тој потсети дека процедурите за добивање одобрение за градење се драстично олеснети и од почетокот на месецов се издаваат електронски.

На тој начин преку отуѓувањето на градежно земјиште по пат на електронско наддавање се овозможува дополнително промовирање на бизнис-секторот и привлекување инвестиции кои водат кон нови работни мести и подобрување на економскиот развој, оцени Јанакиески.

На доделувањето на дозволите во просториите на општина Петровец присуствуваа претставници на уште неколку компани за кои е во постапка издавање одобрение за градење, а кои во тој индустриски комплекс ќе градат објекти наменети за лесна и незагадувачка индустрија, бензински пумпи, како и други деловно комерцијални објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top