Никола Тодоров бил пресретнат на скалите пред Министерството за здравство, во моментот кога доаѓал на примопредавање на должноста.
Според информациите, напаѓачот чекал на скалите и кога дошол Тодоров, испалил еден куршум кон него. Обезбедувањето веднаш реагирало и го повлекло Тодоров кон Министерството, а напаѓачот успеал да испука уште еден куршум, по што бил совладан од припадниците на МВР.
За среќа, во целиот инцидент нема повредени, а Тодоров бил видно вознемирен, пишува „Прес 24“. Од МВР за „Република“ го потврдија случајот, лицето кое пукало кон Тодоров е Љупчо Стојановски, 57-годишен граѓанин од Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст