| четврток, 6 декември 2018 |

Приведено едно лице по обидот за убиство на Никола Тодоров

Едно лице е приведено и е на испрашување во полиција по нападот кој денеска се случи врз досегашниот министер за здравство Никола Тодоров. Од МВР за „Република“ потврдуваат дека во 12:05 кај нив е пријавено дека на улица 50. Дивизија е нападнат Никола Тодоров, по што полицијата веднаш интервенирала и во врска со настанот е приведено едно лице. Според информациите кои веќе ги објавивме, кон Тодоров било пукано со огнено оружје. ВМРО-ДПМНЕ информира дека Никола Тодоров е надвор од животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top