Во новиот број на Република ќе читате
Заев брза за да му испорача резултати на „чадорот“
Влада со краток рок за трајни последици
Доаѓа времето новата Влада и Заев да го вратат долгот кон „партнерите“ што ги донесоа на власт. А долгот кон 13 тирански коалиционери, очигледно, е голем. Настрана, симболиката повторно не е на нивна страна. Ако повнимателно следите, муртинскиот самонаречен спасител има некаков си непрокопсан долг кон уште понекакви 13 коалиционери?! Баксузна бројка, нема што, но долгот си е долг, а списокот на тирански желби е долг. Ако се сомневате во иднината на нивно спроведување токму од оваа влада, само сетете се на кој јазик на првата седница со која претседателствуваше проговори спикерот Талат. Албански, нели. А околу начинот на кој ќе ја спроведуваат, сетете се само на начинот на кој го избраа спикерот, поднесувањето на предлог-владата и гласањето, па ќе ви „светне“ и околу тоа што значат Заевите „реформи“. Ако по утрото денот се познава, „реформата“ на оваа влада ќе биде кршењето и заобиколувањето на сите установени закони и установени правила на игра. Очекувањата на сите познавачи се дека токму на овој начин ќе се спроведуваат и големоалбанските желби од платформата, настрана продолжението на животот на вонуставното и партиско СЈО, специјални судски одделенија итн., итн., итн.
„Нов живот“ со пендрек–демократија
Предавничката влада се брани од народот со специјалци
Додека предавникот Зоран Заев ја најавуваше тиранската влада и ја читаше програмата полна со лаги и со неостварливи желби од собраниската говорница, надвор пред Собранието го чуваше армија од полициски специјалци вооружени до заби. Првата слика од „новиот живот“ што ни го наметнаа странците точно кажува како е инсталирана оваа власт и за чии интереси ќе работи.
Гневот на народот ќе го смируваат со лаги
Нова власт за промена на името
Сценариото е видливо, планот е дури и премногу проѕирен. Странците ќе го одврзат и ќесето и ќе најдат начин да се обидат да го поткупат гневниот народ заради промена на името и на идентитетот. Теркот е познат, го кажа и Заев во Берн, дека „не може Македонија да е во право“. Ако го исполнат, најголема жртва ќе бидат македонскиот народ, името и идентитетот. Дали ќе се исполни, зависи од сите граѓани.
Трамп и Меркел во конфликт
САД и Германија ќе се судрат на Балканот?
Засега вербалниот конфликт меѓу администрацијата на Доналд Трамп и владата на Ангела Меркел не само што е од голема опасност за глобалната безбедност и востановениот светски поредока туку и за малите нестабилни региони како нашиот, каде што се испреплетуваат многу различни интереси, а земјите во него не можат да се договорат дека формирањето „мала економска ЕУ“ е најдобар начин да ги заштитат своите интереси. Доколку наскоро тензијата меѓу Берлин и Вашингтон не запре и доколку не се договорат како ќе се решаваат отворените безбедносни и геостратегиски теми, Македонија, заедно со Србија, Украина и со Турција, е меѓу најранливите места на планетата каде што може да избие курцшлус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст