| четврток, 6 декември 2018 |

Перо Антиќ се врќа во НБА

pero anticПоранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ, би можел на крајот од сезонава да си замине од Фенербахче и да се врати во НБА-лига и тоа во тимот за кој играше две сезони Атланта хоукс, тврди влијателниот турски весник „Хуриет”, според кој веќе е дискутирано на оваа тема откако тренерот на Атланта, Мајк Буденхолцер, допатува во Истанбул за време на фајналфор турнирот од Евролигата.

Буденхолцер имаше беспрекорен однос со Антиќ во двете сезони што ги мина во НБА, а сега искажал желба да го врати нашиот интернационалец во таборот на „јастребите”. Антиќ засега не коментира ништо за својата иднина и е фокусиран на настапите во плејофот на Турција.

Европските медиуми тврдат дека Антиќ по освојување на европската круна ја активирал клаузулата за продолжување на соработката со Фенербахче, но од Турција стигнуваат информации дека тој е на излезната врата во тимот на Фенербахче.

Пронаоѓањето на нов ангажман сигурно нема да претставува проблем за кошаркар со реномето на Антиќ, за кого интерес веќе искажаа и неколку врвни клубови од Европа, но како што тврди „Хуриет”, Македонецот во моментов е многу близу до камбек во НБА, и тоа повторно како член на Атланта хоукс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top