– Наследивме земја која официјално ги немаше исполнето потребните услови за добивање покана за членство во НАТО и ЕУ. Од 2008. за НАТО, а од 2009. за ЕУ, пречка е само името, истакна од собраниската говорница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Вели дека од нив секогаш ќе се бараат реформи.
– Сега новата влада „се сили“ дека ќе ги направела новите реформи препорачани од Европската Комисија. Ние направивме многу реформи и подобрувања во судството, администрацијата, медиумите итн. сите беа уредно прегледани и одобрени, а потоа и пофалени од ЕК. И овие што следуваат ќе бидат такви. И пак по 3, 4 или 5 години ЕК ќе препорача нови кои ќе се спроведуваат. Реформите се континуиран процес, и така треба да биде. Единствено е смешно кога некој кој допрва треба да ги спроведува гледаш дека се однесува како да реформите и светот започнува и ќе заврши со него, посочи Груевски.
Истакна дека наследиле земја од СДСМ која била на дното, на 105. место во светот по индексот на корупција.
– Дојдовме до 62. Па дури неодамна во склоп на надворешната операција ни го влошија тоа, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница