| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Министрите кои се бираат не се во салата

ilija

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во процедурална забелешка реагираше до претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери да ги опменува пратениците кои, како што рече, нема правилно да го употребуваат името на партијата од која доаѓа.

Димовски, обраќајќи се кон мандатарот Зоран Заев рече дека половина од кандидатите за министри не се присутни во салата.

– Сметам дека не е коректно, министритите кои се бираат да не бидат тука. Првин од почит кон институцијата, потоа кон нас пратениците, рече Димовски.

Џафери одговори дека не е во умот на никој пратеник и да води сметка за тоа кој како го кажува името на партијата ВМРО – ДПМНЕ. Што се однесува до присуството на министрите, Џафери додаде дека согласно деловникот не е неопходно нивното присуство, освен на предлагачот на Владата, Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top