Европската и евроатланските интеграции беа највисоки стратешки приоритети. Во изминатиот период се направени многу работи, но остануваат уште многу работи кои треба да се постигнат.
Ова го истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска на прес-конференција изнесувајќи дел од резултатите од работата во досегашниот мандат, на која посака што поскоро Македонија да стане дел од европската и евроатланската заедница.
– Македонија е напредната во изминатиот период и доколку ги споредиме ситуациите кои сме ги имале во минатото, мислам дека од административен аспект имаме многу поголеми капацитети, од аспект на чекори кои сме ги презеле во изминатиот период. Под многу тешки околности сме потврдиле дека, сепак, сме жилава земја која не подлегнува многу лесно на предизвици кои веројатно биле потешки од кои било од предизвиците со кои се соочувале нашите соседи. Конечно и единствената причина поради која се уште не сме земја членка на НАТО-алијансата, а не сме ги започнале и преговорите со ЕУ, е во доменот на реалната политика. Тоа е доколку имате земја членка и во НАТО и во ЕУ, која не сака во даден момент да ви ја даде таа можност, тоа може да го направи. И ние треба да живееме со таа реалност, да се прилагодиме на таа ситуација и да се обидеме во меѓувреме да направиме се она што е во домен на наша контрола. Има работи врз кои можете да влијаете, има работи врз кои не можете да влијаете. Јас верувам и убеден сум дека и времето ќе докаже дека сме направиле чекори напред, и сигурен сум дека во даден момент заеднички ќе можеме да си честитаме бидејќи таа цел ќе биде постигната, рече Попоски.
Според него има бројни области во кои треба да се подобруваме и треба да се прават напори за тоа.
– Следни предизвици, не само оваа година и таа по неа и кога ќе влеземе во ЕУ, се многу работи што ќе треба да ги подобриме. Клучното прашање е дека ние одамна сме го постигнале стандардот за водење преговори за членство во ЕУ и сме ги исполниле формалните аспекти за членство во НАТО. Многу јасно е зошто не сме и треба да се адаптираме на таа реалност. Треба да се посветиме на работите што можеме самите да ги смениме, посочи Попоски.
Тој смета дека она што треба да се направи на патот кон ЕУ е да се дефинира временска рамка од страна на земјите членки на ЕУ во која ќе биде назначено што е потребно да има функционална демократија, владеење на правото, да функционираат инситуции, критериуми во други клучни области.
– Без таква перспектива со ставот дека до таа година нема да има проширување мислам дека не се помага ниту на европската кауза ниту на кандиатите, потенцира Попоски.
Во врска со односите со Грција, рече дека има направено многу сериозен исчекор во климата која постои помеѓу двете земји и тоа смета дека исто така е и македонски интерес.
– Се што е во рамки на соработка и подобрување на таа соработка помеѓу граѓаните, институциите меѓу двете држави мислам дека е добро, позитивно и оправдано. Токму затоа и малкумина ќе веруваа доколку неколку години пред да дојде тука грчки министер и да се обрати на Совет на амбасадори или да потпишеме мерки за градење на доверба никој немаше да верува – тоа го постигнавме. И го постигнавме со истрајност, рече Попоски.
За преговорите за разликите околу името порача дека не смее нешто да се прави на штета на националните интереси на РМ и оти секој носи одговорност.
На прес-кофнеренцијата ги напомена и резулатите на економската дипломатија, отворањето нови амбасади, кратењето трошоци преку користење заеднички простории за амбасади со други земји…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст