| четврток, 6 декември 2018 |

Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

ilija-dimovski-3Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата попладне ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

Пратениците денеска претпладне ја завршија конститутивната собраниска седница на која беа избрани претседател, заменик претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, по што на друга, трета седница, ја изгласаа Одлуката за основање постојани собраниски работни тела на Собранието на Република Македонија.

Во Собранието попладне треба да продолжи и седницата за избор на новата влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top