| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Скопје: Детенце ја најде мајка си мртва

Во 09 часот во Скопје на улицата „11 Октомври“, во станот на 42-годишната И.М. влегла 56-годишната Ќ.Ш. од Скопје, која работела како хигиеничарка во домот на И.М. и го затекнала нејзиниот шестгодишен син. Кога го прашала каде е мајка му, тој одговорил дека е во дневната соба и не може да ја разбуди.

Ќ.Ш. влегла во собата и ја затекнала И.М. на седечката гарнитура без знаци на живот. Смртта е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top