| четврток, 6 декември 2018 |

Ултра-антибиотик против супербактериите

Група американски научници создадоа антибиотик против инфекции предизвикани од најопасните супербактерии во светот, објави научното списание ПНАС.

Како што наведува изворот, новата верзија на ванкомицинот е окарактеризирана како илјада пати поефективна од претходната, и делува против бактериите на три различни начина.

Меѓутоа, некои извори велат дека антибиотикот допрва треба да биде тестиран на животни, па на луѓето.

Научниците се надеваат дека антибиотикот ќе биде подготвен за употреба за пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top