Српската водителка Дивна Карлеуша, мајката на пејачката Јелена Карлеуша, му го скршила срцето на најголемиот заводник на Балканот Здравко Чолиќ.
Всушност, за нивната неуспешна љубов највиновна е мајка и затоа што не ѝ дозволила на Дивна да се гледа со Чола.
Наводно Чола многу страдал по Дивна, а мајка ѝ Дара да не се спротивставела на нивната љубов, кој би знаел што би се случило со двајцата.
Во српските естрадни кругови со години се зборува дека Дивна и Чола биле во страсна врска, но има и онакви кои тврдат дека меѓу нив секогаш имало заемна симпатија, но романсата не се остварила. Во тоа време Дивна важела за една од најубавите белграѓанки и околу неа се вретеле многу момчиња. Но, наместо за мега популарниот пејач, Дивна на 19 години се омажила за тапанарот од групата Проарте, Драган Карлеуша, и ја родила Јелена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.