| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска ќе биде погребена Ирина Митевска, познатата пилатес-инструкторка

Ирина Митевска, познатата пилатес-инструкторка која вчерна ненадејно почина ќе биде погребана денеска на Градските гробишта во Бутел во 15 часот.

Час порано, во 14 часот ќе бидат изложени посмртните останки во капелата.

Ирина беше мајка на шестгодишен син.

Нејзините пријатели, кои ги има во огромен број, се простуваат од неа преку социјалните мрежи.

Митевска беше поранешна балерина, која по завршување на кариерата му се посвети на пилатесот. Стана синоним за инструкторка по пилатес во Скопје, отвори неколку вежбалници низ градот, го промовираше пилатесот како здрав начин на живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top